Добивај вести на Viber
Како новиот дефицит ќе се одрази врз маркоеконоските проекции? Иако засега нема видлив показател зголемувањето на дефицитот покажува колку е Македонија ранлива. Поплавите и штетите од нив сушност ја соголија вистината за економијата. Македонија е во тешка криза, па и еден поголем дожд може да предизвика сериозен економски потрес, наспроти сите досегашни укажувања и пропагандни пораки дека нашата економија е силна, и може да биде отпорна на шокови.
Вистината е поинаква, Владата бара дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја.
Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) и од 344,4 милиони евра се зголемува на 375,9 милиони евра.
Ова значи дека земјата нема никакви резерви за елементарни непогоди и непредвидени расходи. Од друга страна во буџетот и натаму стојат ставки што експертите ги подведуваат под непродуктивни расходи, како што се изградба на згради, панорамско тркало, рајски градини.
Инаку, со првичниот ребаланс на Буџетот, годинава се намалуваа и капиталните расходи, се намалија на 366,6 милиони евра. Во првичниот Буџет, оваа ставка беше позиционирана на 412,1 милион евра со што се намали за 45,5 милиони евра. Со усвоениот ребаланс на Буџетот, Владата посегна по кратење токму кај оваа ставка, додека од друга страна ги зголеми расходите за социјални трансфери и за плати и надместоци, а се зголеми и ставката за отплата на камати по основ на долгови.