САМО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ ПРИЈАВЕНИ ДА ДИСКУТИРААТ ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ - денеска е точката за избор, опозицијата нема забелешки?
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2024 13:27
Народните избраници на денешната собраниска седница треба да ги изгласаат замениците министрите во Владата, со цел да се докомплетира владиниот тим.
Но, според списокот до кој дојде Фактор, за точката за избор на заменици министри пријавени се 39 дискутанти, во кои само двајца се од пратеничката група на СДСМ (Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи).
Пратеничката група на СДСМ брои вкупно 18 пратеници.
Инаку, според владиниот предлог, за заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили, во МВР, Астрит Исеини. За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан, а за заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Зоран Димитровски ќе биде заменик министер во Министерството за надворешни работи и трговија, а за заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски, а за во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески.
За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети, а во здравство Јовица Андовски. За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу, во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими, за заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани, а заменик министер за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски.
За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски, за во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање е предложена Ане Лашкоска, додека за заменик министер во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




