САМО ЕДЕН КИМ: Никој не смее да го носи неговото име!
Објавено во: Свет 03 Декември, 2014 19:26
Властите во Севрна Кореја, им забрануваат на своите граѓани на децата да им го даваат името на лидерот на таа земја, Ким Џонг Ун, изјавил денеска еден неименува претставник на Пјонгјанг.
Покрај тоа, забрането е користење на името Ким Џонг Ил, што е име на таткото на сегашниот челник на државата, како и име на неговиот дедо и основач на државата Ким Ил Сунг, пренесува агенцијата АП.
Еден неименуван претставник на Јужна Кореја навел дека кон крајот на 2011 година Ким Џонг Ил им знаредил на граѓаните кои го носат истото име како и неговиот син, Ким Џонг Ун, да земат ново име и побарал од властите да одбијат да ги запишат во матичните книги на новородени деца со такво име.
Претставникот побарал да остане анонимен затоа што не е овластен да изнесува јавно информации, а исто така одбил да открие како дошол до нив.
Ким Џонг Ун на политичката сцена стапил кон крајот на 2010 година. Неговиот татко во 2008 година наводно претрпел мозочен удар, па после тоа настојувал брзо да ја префрли моќта на синот како би обезбедил трета генерација од неговото семејство да биде на власт.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




