06 Декември, 2025
0.0299

Само една помеѓу најдобрите дваесет

Објавено во: Стил 02 Февруари, 2014 11:52

Добивај вести на Viber

Уделот на жените, помеѓу режисерите на 20-те најдобри филмови на благајните минатата година, беше помалку од 1 на 20. Вкупно 23 режисери работеле на 20-те филма со највисоки приходи за 2013 година, но само еден од нив е режиран од жена. Станува збор за Џенифер Ли, која работи заедно со Крис Бак на "замрзнатото кралство", соопштува интернет изданието на Film Industry Network. Во пракса тоа значи дека ниту една жена режисер немала самостојна сеопфатна визија за лента од топ 20. Во проценти едвај 4,3% од режисерите се жени, но од гледна точка на публиката има огромна разлика. Сигурно жените не претставуваат само 4% од приходите од бокс канцелариите за 20-те најголеми филмови. Уделот на жените-сценаристи исто така е доста низок. Вкупно 4 од 45-те сценаристи кои работеле на 20-те топ ленти за 2013 година, се жени, што е едвај 8,8%.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: