05 Декември, 2025
0.0384

Само една Русинка се осуди да оди на ревија во Париз

Објавено во: Стил 06 Март, 2022 12:09

Добивај вести на Viber

Познати жени од Русија, манекенки, дизајнерки и инфлуенсерки исчезнаа од првите редови на модната недела во Париз, по инвазијата на Владимир Путин на Украина. Многу модни брендови сега се критикувани поради нивните врски со „руските пари.“ Сепак, една Русинка и покрај се се појави во гламурозни ревии - тоа е Марија Шарапова.

Се чини дека многу руски ѕвезди ги одбија поканите за престижните модни ревии и ги напуштија првите редови на модните ревии на модната недела во Париз.

Во Париз не дојдоа влијателни жени од модниот свет од Русија, како Ирина Шајк и Наталија Водјанова, а на Инстаграм ја осудија војната во Украина.

Само поранешната прва тенисерка на светот, Марија Шарапова, храбро се осмели да отпатува во француската престолнина. Таа е видена на ревиите на Клои и Диор.

Марија и за двете ревии избра сличен аутфит, па носеше палта со потписот на модните куќи Клои и Диор, но и црни долги чизми.

Фото EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: