САМО КАПКА ВО МОРЕТО : Кои домашни банки добија најмногу пари од Унгарскиот кредит?
Објавено во: Економија 07 Август, 2025 07:50
Развојна банка вчера објави дека ја исплати четвртата транша во износ од 34,1 милиони евра кон деловните банки за 114 одобрени проекти на домашните компании од таканаречениот Унгарски кредит..Со оваа транша, Развојна банка досега исплати вкупно 160 милиони евра кон деловните банки, односно 64 отсто од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на бизнисот преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 584 проекти на домашните компании.
„Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 64 проекти на мали компании. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 19,9 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 36 прценти во градење, 36 прценти во опрема, 25 прценти во обновливи извори на енергија и 3 прценти инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 64 мали, 29 средни и 18 големи компании во државата“, објави државната банка за четвртата транша што Министерствто за финансии ја пласира од Унгарскиот кредит за финансирање на бизнисите со субвенционирана камата која ќе се плаќа од сите граѓани, односно од буџетот.
Најмногу пари кај Комерцијална банка и НЛБ банка?
„Унгарските“ трансакции за кредитирање на бизнисот, а при тоа администрирани од деловните банки, започнаа на почетокот на март годинава, но тоа е само капка во морето кога ќе се спореди со растот на депоозитите оваа година кај приватните домашни банки. Тоа може да се заклучи од извештаите за работењето на овие банки во првата половина од 2025 поднесени до „Македонска берза“ како друштва што котираат.
Прва банка каде што има најгоолемо кредитирање во изминатата година со финансии обезбедени од Развојна банка е Комерцијална банка, од каде признаваат дека во порастот најголемо влијание има Унгарскиот кредит. За половина година ваквото кредитирање се зголемило од 23,8 на речиси 44 милиони евра. Но и од таму признаваат дека ова финансирање е само мал дел од вкупноото кредитирање на населението и стпанството и дека било прифатено на барање на државата, иако банката ги немала сите потребни релевантни податоци.
„Обврските по кредити изнесуваат 2.679,2 милиони денари и во однос на декември 2024 година се зголемени за 83,9 тст како резултат на нето-ефектот од нови повлекувања и отплатени доспеани рати од кредитните линии. Во извештајниот период се повлечени средства од кредитните линии: РБСМ Транша 1, 2 и 3 од Унгарскиот кредит наменет за компании, кредитната линија GEFF III на ЕБОР (кредитна линија за енергетска ефикасност на домаќинства), кредитната линија GFF (Green Finance Facility) на ЕБОР за финансирање проекти кои овозможуваат поттикнување инвестиции на МСП во високи технологии и услуги кои ја поддржуваат зелената економија во државата, кредитната линија на Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд – ИФАД 2 и од линијата за дигитализација, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија (ДИГ/ЕЕ/ОИЕ) преку РБСМ. Планот е остварен со 166,7 отсто. И покрај значителниот пораст на обврските по кредити, истите остануваат и понатаму со минимално учество од 1,7% во вкупните обврски на Банката. Значителното надминување на планот се должи на повлекувањата за Унгарскиот кредит кои не беа вклучени во планските проекции бидејќи во периодот на изработката на истите не беа достапни релевантни податоци од надлежните институции“, гласи коментарот на Комерцијална банка.
Може да се заклучи дека на второ место е НЛБ Банка која има активно администрирање на Унгарскиот кредит. Обврските по кредити „кон други банки“ се зголемиле од околу 37 милиони на 52 милиони евра за половина година.
- Заклучно со 30.6.2025 година (споредено со 31.12.2024 година) Банката забележа промени во кредитните задолжувања кои се поголеми од 30 %, кои се должат на повлекувања на средства по основ на Договор за кредитна линија помеѓу Развојната Банка на Република С. Македонија и НЛБ Банка Скопје, наменети за финансирање крајни корисници, објави НЛБ Банка, која при тоа соопшти дека и е зголемена депоозитната база за плус 242 милиони евра за една година.
Компаниите корисници остануваат непознати за јавноста
Кај Стопанска банка ситуацијата не е променета за првите шест месеци од 2025, па дури е објавено дека „Обврските по кредити кај други банки“ се намалени за 4 отсто.
„Обврските по кредити изнесуваат 2.350.023 илјади денари и во однос на крајот на 2024 година се намалени за 4 проценти“, наведено е во краткиот коментар од поднесениот извештај за берзата.
Од помалите банки кои котираат на берзата, ТТК Банка има згемување на повлекување финансиски средства од Развојна банка од 1,05 на 2,33 милиони евра откако е активиран Унгарскиоот кредит.„Обврските по кредити во однос на 31.12.2024 година бележат зголемување за 122 %, главно како резултат на зголемени обврски по основ на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва од Развојна банка на Република Северна Македонија“, објавија од ТТК.
УНИ Банка објави дека има повлечено кредити од други банки, но не кажува дали се работи за Унгарскиот кредит од Развојна банка, односно од Министерствто за финансии. Нивното преземање кредити од друга банка заради кредитирање на крајни крисници се зглемило од 10 на околу 15,5 милиони евра.
- Обврските по кредити заклучно со вториот квартал од 2025 година се зголемени за 57.3% во однос на 31.12.2024 година, како резултат на прибрани нови извори на средства по основ на одобрени кредитни линии, известуваат од УНИ Банка.
Од другите поголеми банки како Шпаркасе и Халк банка не може да се извлечат податоци за евентуалното користење на Унгарскиот кредит затоа што немаат обврска да поднесат полугодишни извештаи до берзата.Ооопзицијата во меѓувреме побара да се објават јавно имињата на компаниите кои користат поволни финансии од Унгарскиот кредит со државно субвенционирана камата, но засега тоа останува деловна тајна.
А..К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





