13 Декември, 2025
0.0273

Само небото е лимит! Колкава е добивката на „Комерцијална банка“ за 100 дена?

Објавено во: Финансии 26 Април, 2023 20:49

Добивај вести на Viber

Профитот на најголемата банка за првите три месец во најголема мерка се должи на силниот раст од приходите од камати и тоа во комбинација со намалените трошоци за резервации на пласмани

„Комерцијална банка“ ја потврди својата лидерска позиција на банкарскиот пазар. За првите сто дена најголемата банка според активата направи добивка која е најголема во корпоративната историја на македонското банкарство.

Тимот предводен од долгогодишниот успешен банкар Хари Костов за првите 100 дена година на своите акционери им носи профит од 16,9 милиони евра! Ова е досега најголема добивка за квартал во историјата на македонското корпоративно банкарство. Просечно дневно најголемата банка според активата правела профит од 169.000 евра.

Дополнително, во споредба со истиот период лани профитот на „Комерцијална банка“ е удвоен. Добивката што најголемата банка, според активната, ја објваи денеска сигурно ќе охрабри и други инвеститори дека акцијата на ова голема македонска банка е една од бест-бај акции на нашиот пазар.

Од најголемата приходна ставка, нето приходите од камати, банката генерира 18,8 милиони евра. Тоа е за 10 милиони евра односно 83 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Раст има и кај нето приходите од провизии и надоместоци. Од овие услуги банката за три месеци наплати 4,4 милиони евра. Тоа е за околу 180.000 евра подобар резултат од истиот период лани.

Нето приходите од курсни разлики се на ниво од над 1,5 милиони евра и се за 68 отсто поглеми од лани. Единствено намалување има кај останатите приходи од дејноста кои се за 2 милиони ева пониски од претходната година.

Знајачен катализатор за добивката на банката во овој период се резервациите кои се намалени за 58 отсто во споредба со истиот период лани и изнесуваат околу 900.000 евра.

Вредно да се одбележи е тоа што банката во овој квартал ги зголемила своите издатоци за вработените за речиси 10 отсто и тие изнесуваат 3,7 милиони евра.

Вредно е да се истакне дека кредитирањето на крај на март е на ниво од речиси една милијарда евра, а бележи минимално зголемување во споредба со крајот на 2022 година.

Вложувањата во државни обврзници се на ниво од 533 милиони евра и се за речиси 94 милиони евра зголемени за 3 месеци.

Речиси и да нема видлив раст на депозитната база. Нејзината вредност на крај на март е 2,18 милијарди евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?

ИНВЕСТИТОРИТЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ФЕД - се менуваат ли пазарните стратегии?