САМО „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИМА „СТОМАК“ ЗА ЈСП СКОПЈЕ! Зошто никој друг не се јавил на тендерот за набавка на дизел вреден 27 милиони евра?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 10:16
За тоа во каква финансиско-материјална состојба е ЈСП Скопје повеќе од доволно говори фактот што на тендер за набавка на дизел гориво за стотици автобуси се јавил само еден добавувач. И при тоа се обврзал дека нема да го запре снабдувањето со дизел гориво на ЈСП Скопје дури и јавното претпријатие да не плаќа редовно. Но сатоа пак ќе пресметува затезна (казнена н.з.) камата за секој денар ненаплатен на време
„Пуцко петрол“ е новиот снабдувач со дизел горива за сите автобуси на најголемата компанија за превоз на патници во Македонија – скопското градско трнаспортно претпријатие ЈСП Скопје. Компанијата за трговија со нафта од Пласница и во наредните две години ќе ја продолжи соработката со нередовниот плаќач ЈСП Скопје. За тоа „Пуцко петрол“ склучи рамковна спогодба со вкупна вредност на договорот од 26,86 милиони евра (со вклучен ДДВ н.з.).
За тоа во каква финансиско-материјална состојба е ЈСП Скопје, јавно претпријатие кое има исклучително низок рејтинг е едно од најнепопуларните, доволно говори фактот што „Пуцко Петрол“ бил единствениот понудувач на тендерот за набавка на дизел горива за флотата на ЈСП која брои повеќе од 300 автобуси за градски превоз.
Станува збор за рамковна спогодба, што значе дека ЈСП Скопје не е обврзан да ги плати сите пари предвидени со јавната набавка. Цената на литар дизел што ќе го купува ЈСП Скопје ќе се утврдува врз основа на цената што за моментот на точење е на сила според одлуката на РКЕ.
И сега најважниот детал од тендерот кој укажува во каква очајна состојба е ЈСП Скопје. Во членот 5 е дефинирано дека оператотор односно во случајот „Пуцко Петрол“ нема да го прекине снабудвањето со дизел горива дури и во случај ЈСП Скопје да не може да плати веќе испорачани фактури. Но затоа пак „Пуцко Петрол“ се заштитил со пресметка на законска затезна (казнена н.з.) камата за секој ден ненаплатена фактура надвор од рокот. А рокот за плаќање е 30 дена од приемот на фактурата.
И сега едно е точно. ЈСП Скопје нема да остане без гориво за превоз на скопјани. Значи ќе нема немили сцени во кои жителите на главниот град се жалеа дека нема авотбуси или авотбусите застануваат зашто остануваат без гориво.
„Пуцко Петрол“ на некој начин ќе го кредитира работењето на едно од најголемите скопски претпријатија. Но колку на крај тоа ќе ги чини скопјани? Допрва ќе видиме. А тоа зависи од финансиската кондиција на ЈСП Скопје и индиректно од поддршката на Град Скопје и советниците кои се избрани од скопјани да ги застапуваат и штитат нивните интереси.
Н.С.Можеби ќе ве интересира
ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика
