Само три активни случаи на коронавирусот има во еден македонски град
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Февруари, 2021
Само три активни случаи на коронавирусот има во општина во источна Македонија.
Станува збор за Пехчево. Македонска Каменица има 4 случаи, а Богданци и Македонски Брод по 10., додека Демир Хисар има 11. Дојран кој долго време имаше по 5-6 активни, сега има 13. Во Демир Капија има 34 активни случаи на коронавирусот.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово - по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип - по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 341 оздравени пациенти и 5 починати.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.