Само во оваа земја жените се поплатени од мажите
Објавено во: Економија 26 Февруари, 2016 17:37
Просечната плата на жените на менаџерски и политички позиции во локалната управа во Шведска за прв пат во историјата е повисока од онаа на машките колеги на таквите позиции. Просечната плата на жените кои работата на висока позиција во локалната управа изнесува 58.925 круни, додека просечната плата на мажите изнесува 57.925 круни, открива „Dagens Samhälle“. - Мислам дека тоа покажува дека жените менаџери се подобри во преговарањето за плата. Често се подобро образувани од мажите, тоа знаеме.“ - вели Ана Елијас, портпарол на една локална компанија. Сепак, жените во Шведска не се еднакви на сите подрачја. Во управните одбори на компаниите, три четвртини од членовите се мажи. Исто така, 77% од професорите во високото образование се мажи.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




