Само за дами: Неколку совети за шминка со природен изглед!
Објавено во: Стил
12 Ноември, 2014 16:02
Добивај вести на Viber
Многупати нанесувајќи шминка не внимавате што се ставате на лицето. Со шминкањето не треба да ги импресионирате другите, туку да бидете “Вие“.
Најдобра шминка е таа која луѓето околу вас нема да ја забележат, а сепак ќе забележат дека изгледате свежо и убаво. Една од најголемите грешки што се прават при шминкањето е нанесувањето премногу шминка. Многупати нанесувајќи шминка не внимавате што се ставате на лицето. Со шминкањето не треба да ги импресионирате другите, туку да бидете “Вие“.
Еве неколку совети како до природен секојдневен изглед со шминка.
- Најпрво исчистете го добро лицето и нанесете хидратантен лосион или крема за лице
- Не штедете на пудра. Изборот на соодветна нијанса пудра за лице е најважен во шминкањето. Одберете пудра која што ќе ги прекрие потемните делови или руменилото на лицето, а сепак да не се разликува од бојата на вашата кожа
- Коректорот кој ќе го нанесете треба да е за две нијанси посветол од пудрата. Со него ќе ги прикриете темните подочници.
- За поприроден изглед најдобро е да ставите руменило на јаболчниците со боја на праска и сенка за очи со земјени или неутрални тонови
- Нанесете маскара која може да биде кафена боја доколку немате темна коса или тен.
Наместо кармин, за посвеж изглед одберете сјај за усни кој истовремено може да ви даде и волумен на усните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: