05 Декември, 2025
0.0336

Самотијата никогаш не ме плашела: Искрено интервју со Соња Панда

Објавено во: Стил 03 Април, 2019 09:12

Добивај вести на Viber

Никогаш не сум се чувствувала осамена кога сум сама. А, љубовта не можеш да ја побрзаш, таа ќе дојде или не, ќе ја задржиш или ќе ја пуштиш, ќе ја препознаеш или ќе ја одминеш. Ѓавол ќе го знае зошто едни ја наоѓаат за цел живот, а други ниту за минута, искрено раскажува Панда 

Соња Панда е тивка личност со дамски манири, но секогаш насмеана и непосредна. Како еден од најискусните радиоводители во радио „Антена 5“, но и во земјава, таа има многу што да каже за својот професионален живот, многубројните патувања и музичките ѕвезди што ги сретнала попат. Сепак, како што вели, најинтересни и најприземни се токму најголемите од нив.

* Ти си еден од најпрепознатливите радио гласови во Македонија изминатава деценија. Соња како дојде до тоа баш радиото да ти стане професионална вокација?

- Сосема непланирано. Во првата половина на 90-тите се појавија повеќе приватни радио станици, па имаше и голема побарувачка на радио водители. Голем број од младите водители и новинари кои во тоа време работевме на телевизија, добивавме понуди да се опробаме и во радио етерот. Променив неколку радио станици, а потоа направив пауза. Но, потоа оваа споредна окупација, стана моја професија. Ми се допадна ултимативната моќ на радиото како најбрз од традиционалните медиуми, но и најмалку стресен.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: