Самсунг го произведе најголемиот телевизор на сите времиња
Објавено во: Стил
08 Септември, 2013 11:30
Добивај вести на Viber
Технолошкиот гигант Самсунг го претстави најголемиот куќен телевизор што некогаш е произведен, со дијагонала на екранот од 280 сантиметри. Во продажба ќе се најде од следната пролет.
Станува збор за нова генерација големи телевизори со екрани со ултра висока резолуција, која ветува неверојатна јасност на сликата. Уредот е претставен на саемот ИФА во Берлин, а има четири пати повеќе пиксели отколку актуелните „HD“ уреди.
Светското фудбалско првенство во Бразил кое ќе се одржи следната година, ќе биде првото случување што ќе се емитува во таква резолуција, и тоа на гледачите во Јапонија.
Електронскиот експерт, Бери Фокс, вели дека сликата од новиот уред е импресивна и дека нуди подобро искуство отколку 3Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: