05 Декември, 2025
0.2535

Samsung промовира златен и розев Galaxy S4

Објавено во: Стил 26 Септември, 2013 15:40

Добивај вести на Viber

„Samsung Arabia“ ги претстави златната и розевата верзија на уредот „Galaxy S4“. „Samsung Galaxy S4“ поседува „full HD Super AMOLED“ екран со сјајни 441 ppi, кој е сместен во куќиште со димензии 136,6mm x 68,9mm и кој е за нијанса поголем од „тројката“. Силата на телефонот му ја дава процесорот „Exynos 5 Octa“ кој беше претставен пред два месеци на „CES“. Станува збор за првиот осумјадрен процесор за мобилни уреди кој работи така што по потреба користи две различни групации од по четири јадра. Во едната група е „ARM Cortex-A15“ задолжен за побарувачките операции (со голема потрошувачка), а во другата е „A7“ за стандардната работа и подолгото траење на батеријата. Тука е и 2GB RAM, a што се однесува до просторот за податоците постојат верзии од 16GB, 32GB и 64GB. Батеријата е помоќна отколку кај претходникот – 2.600mAh, односно 20 проценти посилна отколку кај „S3“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: