САНЧЕЗ СМЕТА ДЕКА ШПАНИЈА ДОВОЛНО ТРОШИ ЗА ОДБРАНАТА: Tрамп му се закани со повисоки царини
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2025 21:45
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез денеска изјави дека моменталните трошоци за одбрана се доволни.
„Шпанија ќе ги исполни новите цели за способности кои денеска ги договорија членките на НАТО, но смета дека нејзиното моментално издвојување за одбрана од два проценти од БДП е „доволно, реално и компатибилно со државата“, изјави Санчез.
Шпанија веќе претходно изјави дека не мора да ја исполни целта од пет проценти и дека може да ги исполни своите обврски трошејќи значително помалку.
Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг се обврзаа да инвестираат по пет отсто од националниот БДП годишно за основните потреби за одбраната и безбедноста до 2035 година.
Но, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги удвои американските царини за увоз на шпански производи поради нискиот буџет за одбрана.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт




