19 Декември, 2025
0.0543

САНКЦИИ ОД ЕУ: Блокирање на парите од европските фондови

Објавено во: Економија 24 Април, 2016 09:49

Добивај вести на Viber

Бизнисмените предупредуваат дека најавата за можни санкции од Европската унија ќе ја наруши трговската размена со земјите членки на ЕУ. Укажуваат дека тоа може да се одрази негативно и на проектираниот економски раст за оваа но и за следната година. Од бизнис секторот посочуваат дека евентуалните санкции може значат крај за европските кредитни фондови, а во тој случај домашните банки ќе треба да ги сервисираат државните потреби за пари, со што ќе има помалку пари за економијата. Ако нема нови приливи на средства, тогаш ќе нема за плати на вработените во државната администрација вклучително и пензии чиј пензиски фонд сега зависи најмногу дополнителни дотации од буџетот на државата, вели за Фактор бизнисменот Венко Глигоров. -Било какви санкции и замрзнување на преговорите може да иницираат дисконтинуитет во соработката на нашите фирми со земјите – членки на ЕУ. Бидејќи процентот на трговска размена со земјите членки на ЕУ е висок во квантитет и многу значаен во квалитет, а поссебно со Германија, Грција, Бугарија, Словенија, влијанието во економијата ќе биде големо во негативна смисла. Растот на бруто-домашниот производ е многу зависен од извозот на фирмите во индустриските зони како и изградбата на патиштата. Бидејќи тие оваа година ќе бидат реализирани, најверојатно ќе се забележи мала отстапка од проектираниот раст. Но наредната година ризикуваме земјата да има пад во развојот. Посебно е важно да се нагласи дека останиот дел од економијата бележи пад од година во година и со целата оваа криза плус санкциите од ЕУ – ќе влеземе во многу критична фаза. Со замрзнување на преговорите и други пропратни активности, на Македонија би и’ се затвориле европските фондови, а државата најверојатно нема да може да зема кредити од стандардните финансиски институции. Во такви услови, домашните банки ќе ги сервисираат државните потреби за пари, а со тоа ќе има се’ помалку пари во економијата. Ако нема нови приливи на средства, тогаш ќе нема за плати на вработените во државната администрација вклучително и пензии чиј пензиски фонд сега зависи најмногу дополнителни дотации од буџетот на државата. Македонија ќе влезе во една опасна силно-галопирачка негативна спирала. Ова неминовно ќе извади дополнителни десетици илјади луѓе на улиците. Бидејќи политичките партии не работат на смирување на состојбата, се зголемуваат можностите за големи немири и судир меѓу граѓаните.  Затоа е важно да апелираме на политичарите за решавање на ситуацијата наместо да се подгреваат романтичарски емоции и да се стимулира анти-ЕУ пропаганда. Едноставно, Македонија 25 години работи на ЕУ интеграција и преку ноќ работите нема да може да се трансформираат во некаков друг тип на општествена активност, вели бизнисменот Венко Глигоров. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?