19 Декември, 2025
0.0491

САНКЦИИ ОД ЕУ: Штедните влогови сигурни, но можно е успорување на кредитирањето

Објавено во: Економија 24 Април, 2016 09:33

Добивај вести на Viber

Најавата за можни санкции од страна на Европската унија но и продлабочената политичката криза можно е да го успорат кредитирањето на компаниите и да го намалат приливот на странските дознаки, предупредуваат од банкарскиот сектор. Банкарите велат дека засега штедните влогови на граѓаните се сигурни во банките, но порачуваат политичките партии сериозно да ги сватат најавите за можни санкции од ЕУ и воздржаноста на меѓународните кредитори. Тука се можни две излезни решенија, политичките субјекти да најдат одредено решение за да овие најави не се ипмплеменитраат и второто е доколку ова ексалира во што не се надевам, тогаш финансиските систем да почне да превзема интерени мерки од аспект на тоа да има помал прилив на девизни средства, вели првиот човек на Шпаркасе банка, Глигор Бишев.  - Помеѓу политичката стабилност и економската и финансиската стабилност постои меѓузависност и таа не може да нема влијание. Меѓутоа да се надеваме дека тоа нема да ги поремети фундаментите на стабилноста на банкарскиот сектор и на економијата, особено имајќи во предвид дека македонските банки во минатото поминаа низ доста тешки периоди.Да не ја заборавиме 2013 година и кризата што се случуваше во опкружувањето и шпекулациите дали еврозоната ќе го намали бројот на своите членки или не и од тој апскет македонските банки покажаа дека тие имаат секогаш имаат висока ликвидност водат сметка за здравото работење, ризиците што ги прифаќаат и од тој аспект штедните влогови и на граѓаните и на компаниите им се загарантирани со стабилното работење на банките. Македонија во овој момент нема финансиска криза и да се надеваме дека нема да има.Сепак ова се најави од Европската унија и Светската банка и да се надеваме дека успешно ќе може да се изменаџираат сите овие предизвици.Сепак ова е сериозен сигнал, далеку од тоа да го сметаме за несериозен. Тука се можни две излезни решенија, да политичките субјекти најдат одредено решение за да овие најави не се ипмплеменитраат и второто е доколку ова ексалира во што не се надевам, тогаш финансиските систем да почне да превзема интерени мерки од аспект на тоа да има помал прилив на девизни средства. Прва реакција кога доаѓа до намалување на депозитната база на банките, тие мора да се усогласат со активата и со својата кредитна активност. Значи билансот на банката во пасивата ги има депозитите и во активата ги има кредитите. И нормално е дека ќе дојде до успорување на кредитирањето на фирмите.Да се надеваме дека нема да биде екстремна контракција, да имаме пад на кредитната активност, а дека ќе дојде до успорување мислам дека веќе е очигледно.Доколку е од краток рок нема во голема мерка да ги погоди компаниите. Она што е важно во овој момент е да сите што имаат заштеди да знаат дека банките се одговорни и дека во секој момент можат да си располагаат со своите средства.Значи доколку одлучат да ги трансверираат или да ги подигнат, банките се во состојба тоа да го направат.Наша обврска е клиентите во секој момент да си располагаат со своите средства, а нивна одлука е дали тоа ќе го прават и се разбира тоа си има опортунитетен трошок, значи сигурноста сепак е најголема кај банкарскиот секотор, во однос вие да чувате готовински средства дома или да ги трасферирате во други облици на имот.Сепак штедењето ви дава можност да во секој момент имате заштеди, да имате ликвидност.Јас лично не гледам дека во овој момент сигурноста во другите облици на чување на заштедите е поголема од банките, меѓутоа тоа си е одлука на штедачите. Ние ја манифестираме сигурноста и ликвидноста како банкарски сектор, клиентите да си можат да си располагаат со своите средства. Ние во секој момент ги следиме настаните, нашите информациони системи обезбедуваат информации за нивото на штедење и за ликводноста во банкарскиот сектор и секоја нова информација ќе ја вградиме.Верувам дека здружението на банкари може и да се состане и да даде соодветно соопштение. Во принцип јас би сакал да бидам оптимист, значи она што се случува во светската економија, во еврозоната е да економскиот раст се обновува на светско ниво. Македонските фундаменти досега испорачуваа одредено ниво на раст и стабилност и да се надеваме дека оваа политичка криза нема да има негативни долгорочни ефекти на фундаменталните фактори на македонската економија.Се разбира на краток рок тоа ќе има влијание, меѓутоа моја оценка е и верувам дека долгорочно фундаментите би требало да останат здрави, вели Глигор Бишев, директор на „Шпаркасе банка“. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?