САНКЦИИ ОД ЕУ: За гревовите на политичарите ќе плаќаат граѓаните!
Објавено во: Економија 03 Јули, 2016 08:01
„Таргетиран пристап кон виновниците за состојбата во која се наоѓа Македонија е далеку поефикасен. Слична мерка пред две години ЕУ воведе кон Босна и Херцеговина, но политичката криза не се разреши“ - вели Ѓоршоски.
Александар Кржаловски, извршен директор на Македонски центар за меѓународна соработка вели дека најавата од ЕУ за суспендирање на 27 милиони евра од ИПА фондовите наменети за Македонија, нема да е прва загуба од тие фондови (на два пати „пропаднаа“ по околу 5 милиони евра, заради ненавремено завршување на постапките во нашите институции), но е прва од овој вид - ЕУ да се одлучи за суспензија.
„Причините за овој потег ќе ги објасни самата ЕУ (а веќе и има првична информација, дека е тоа заради неспроведување на реформите, предвидени и со Пржинскиот договор и извештајот на Прибе), но некои од последиците се веќе јасни: поголем дефицит во државнот буџет (ќе треба да се финансираат дел од работите кои биле предвидени да се платат со овие средства) и понатамошен застој на патот кон ЕУ членството (нема да се спроведат голем проекти за понатамошно усогласување со ЕУ стандардите). Допрва треба да се идентификува која била точната намена на овие средства и потоа да се процени за поконкретните последици за тие проекти/сектори, па и организации/институции (и како тие ќе се справат со плановите за предвидените реформи, без овие средства). Во секој случај, наведениот износ е околу 1% од државниот буџет и околу 1/3 од годишната ИПА поддршка од ЕУ за Македонија, па секако не е занемарлив износ и ќе се почувствува во раководењето со јавните финансии“ - вели тој.
Според Кржаловски, од аспект на политичка порака, сметам дека е јасен сигнал до политичките партии (особено владеачките) дека мора посериозно да се зафат со брзо разрешување на политичката криза и дека оваа ситуација не може вака да продолжи во недоглед, особено не на сметка на ЕУ.
"Санкциите" од ЕУ беа очекувани, вели Андреја Стојкоски, директор на Македонски центар за европско образивание. Според него, десет години отстапување од реформските процеси и игнорирање на пораките се причината за оваа одлука на Советот на ЕУ, тригер беше само продолжувањето на кризата и избегнувањето на одговорноста за злоупотребите на властта.
„За да бидам појасен, оваа одлука на ЕУ не треба да ја толкуваме самостојно туку во врска со извештајот на Прибе и заклучоците од него, како и со договорот од Пржино. Обврските од овие два документи посочуваа на владеењето на правото и потребата од преземање/утврдување на одговорноста кај носителите на јавни функции кои сториле прекршувања на нивните овластувања. Оваа влада стори се за да ги избегне своите обврски. Ако на сето ова ги додадеме наводите за злоупотреби на средствата од европската помош и истрагата на ОЛАФ која се води повеќе од јасно е зошто е донесена ваквата одлука“ - изјави Стојкоски.
Стојкоски додава дека средствата од ИПА ги управуваше Министерството за финансии и одговорноста треба да се бара таму и кај НБМ.
Подготви: Горазд Чомовски
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




