САНКЦИИ САМО НА ХАРТИЈА: Еве зошто руската економија расте од ден на ден!
Објавено во: Економија, Свет 26 Август, 2016 12:23
Две години по падот на цената на нафтата и воведувањето на економските санкции на Западот, Русија повторно станува атрактивна земја за вложување, пишува „Волстрит журнал“
Индексот на акциите на MMVB достигна рекордно ниво. Оваа година тој пораснал за 25 отсто, што Русија ја става на шесто место на листата 23 економии во развој.
Освен тоа, рубљата пораснала во однос на доларот за 13 отсто и тој показател ја прави руската валута трета по стабилност меѓу економиите во развој, според податоците на „J. P. Morgan Cejs“.
Многу инвеститори сметаат дека најголем допринос на опоравувањето на руската економија дала директорката на Централната банка Елвира Набиулина, наведува весникот. Тие потсетуваат на нејзината неочекувана одлука во ноември 2014 година дека курсот на рубљата веќе не се врзува за доларот, а потоа и на одлуката за наглиот пораст на каматните стапки за да се сузбие одливот на капитал и намалување на инфлацијата.
„Тие чекори биле болни за руската економија која отишла во остра рецесија поради падот на курсот на рубљата, како и поради намалената потрошувачка и куповна моќ. Но со време, тие акции помогнале да се поврати довербата во меѓународните инвеститори во руската економија на која и понатаму и е сенка крахот од 1998 година. Истовремено правилните чекори на Централната банка ја вратиле довербата во рубљата и макроекономската политика на Русија, сметаат експертите кои ги интевјуирал „Волстрит журнал“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




