Сарачини: Хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ е најзаинтересирана да инвестира во Еурокомпозит
Објавено во: Економија 11 Јули, 2013 14:22
Хрватската компанија „Ѓуро Ѓаковиќ“ е најзаинтересирана да инвестира во Еурокомпозит, а за ОХИС долго време се обидуваме да најдеме заеднички интерес со двајца инвеститори, еден од Бугарија и еден од Германија, најави денеска министерот за економија Ваљон Cарачини.
- Еурокомпозит од Прилеп моментално е најблиску до решение на статусот од сите четири загубари, бидејќи ситуацијата внатре е малку постабилна во однос на другите. Веќе сме многу блиску да се договориме во однос на тендерската документација и условите кои ние ги нудиме и кои тие ги бараат. Очекувам дека во наредниот период ќе успееме да објавиме тендер кој ќе биде усогласен со неколку инвеститори со цел конечно да ги решиме прашањата кои се отворени со загубарите - изјави Сарачини, одговарајќи на прашање по средбата со претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски во просториите на Заедницата.
Тој појасни дека во Министерството за економија веќе е направен акциски план за сите четири загубари и дека скоро секоја недела има средби со различни инвеститори на кои, како што рече, се разговара за сите загубари.
- За денеска немам закажано средба со инвеститор од Германија заинтересиран за ОХИС - прецизира Сарачини.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




