28 Ноември, 2024
0.0284

Сарачини се сретна со претставници на Светска банка

Објавено во: Економија 31 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници на мисијата на Светска Банка денеска се запознаа со реализацијата на проектот Луково Поле, претставена од страна на  министерот за економија Ваљон Сарачини.  Министерот на средбата го претстави и статусот на изготвување на Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура, како и за реализацијата на ГЕФ Проектот за одржлива енергија и на Националната програма за енергетска ефикасност на јавни згради до 2019 година (прва фаза).

Претставниците на СБ, Ласло Ловеи, директор на Секторот за одржлив развој на банката во Вашингтон и Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на СБ во Македонија укажале дека за  Луково Поле, што треба да се финансира со кредит од Светска Банка, е добар проект и оти неговата реализација е во заеднички интерес.

Меѓу актуелните активности кои се преземаат се подобрување на техничката документација, презентација на проектот и разговори со невладините организации и локалното население, како и изработка на ESIA Студијата за влијание врз животната средина, која ќе биде од големо значење за донесување на конечна одлука околу финансирањето на овој проект.  Разговарано е и за потребата да се известат соседните држави за намерата да се реализира овој проект, соопшти Министерството за економија.

На средбата станало збор и за Извештајот за приоритетна  енергетската инфраструктура за период од 10-15 години, што го изготвува Светска Банка на барање на Владата на Република Македонија. За изготвување на  извештајот, Светска Банка реализираше мисија во периодот од 8-20 април, во текот на која одржа состаноци со претставници на министерствата за економија, за финансии, за животна средина и просторно планирање, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Регулаторната комисија за енергетика, енергетските претпријатија и МАНУ. Врз основа на првичните информации кои што ги собра, Светска банка изготви првични согледувања за натамошниот развој на енергетскиот сектор во Република Македонија. Нацрт извештајот, најавува Министерството за економија, ќе биде доставен до надлежните институции  до 10 јуни, а на 14 јуни ќе биде одржана работилница, во организација на Светска Банка.

Во однос на реализацијатата на ГЕФ Проектот за одржлива енергија, министерот ја нагласил добрата меѓусебна соработка во неговата реализација, при што изразил очекување дека Светската Банка, со експертска и финансиска помош, ќе ја поддржи и реализацијата на Националната програма за енергетска ефикасност на јавни згради во Република Македонија до 2019 (прва фаза). Финансиската поддршка за реализација на оваа програма ќе се одвива преку Фондот за енергетска ефикасност, за што, според соопштението, е побарано од Светска Банка финансиска поддршка во форма на грант и експертска поддршка за негово основање и функционирање.

Претставниците од Светска Банка изразија подготвеност за поддршка на натамошните активности на Република Македонија, особено во областа на енергетската ефикасност, се вели во соопштението од Министерството за економија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

ХАОС НА ПОВИДОК: Има сѐ помалку гориво

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

КРАЈ ЗА АМБИЦИТЕ НА РУСКИОТ ГИГАНТ - судот на ЕУ ја одби жалбата за правилата за гасоводот „Северен тек 2“

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места