Сарачини во потрага по инвестиции во Турција
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2014
Министерот за економија Ваљон Сарачини од денеска ќе престојува во Истанбул каде што ќе ќе има средби со турски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Република Македонија.
Во фокусот на презентацијата на министерот Сарачини ќе бидат актуелните проекти во енергетиката и минералните суровини, за кои бизнисмените од оваа земја пројавуваат најголем интерес, соопшти Министерството за економија.