15 Декември, 2025
0.0895

Сарацин вели дека ако не го прифатиме францускиот предлог, друг може да нема

Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 17:35

Добивај вести на Viber

Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин во Скопје изјави дека ако Македонија го отфрли францускиот предлог, друг може и воопшто да нема.

Тој кажа дека во преговарачката рамка се зачувани македонскиот јазик и идентитет и Германија стои зад нивна целосна заштита. Но, Сарацин немаше јасни гаранции дека Бугарија во иднина нема да ја условува и блокира Македонија поради билатерални прашања во преговорите со Европската Унија. 

„Не можам да ветам како ќе биде исходот од изборите во Бугарија, но во оваа ситуација едно според мене е многу јасно, се што треба да се реши, сега треба да се направи, за можеби да се обезбедите за поопасни времиња“, рече Сарацин.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ побара одлука која ќе стави крај на 17 годишните лавиринти низ европските ходници и тврди дека историјата ќе биде оставена на историчарите, а преговорите ќе започнат со чист македонски јазик и идентитет. Владата чека да завршат консултациите со сите политички партии за конечен договор. 

Вечерва во 19 часот повторно ќе има протести против францускиот предлог. Граѓаните бараат власта да го отфрли овој предлог. Ова ќе биде петти ден како граѓаните излегуваат на протести. Синоќа во насилните протести беа повредени 47 полицајци. 

Можеби ќе ве интересира

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија