Зошто денеска е убав ден за „Бардаче“, „Вистински Тон“, „Финеса“ и „Весел“?
Објавено во: Економија 30 Март, 2013 18:04
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ги посети занаетчиите од Старата Чаршија, кои добиле субвенции за проектот „Автентичнa ракотворба за 2012 година“, со кој беше предвидено субвенционирање на занаетчии преку кофинансирање.
Со оваа активност од Програмата беше предвидено кофинансирање на занаетчиите до 5.000 евра, од докажаните трошоци направени за набавка на опрема и алати како и за стручно оспособување.
- За реализација на оваа активност, Министерството за економија предвиде 1.000.000 денари, а Јавниот повик за субвенционирање на занаетчиите беше објавен 2 пати. Од предвидените средства беа одобрени 709.575 денари и тоа за СЗД „Бардаче“ Злетово, „Вистински Тон“, Скопје, Златарски дуќан „Финеса“, Скопје, „Ивама траде“ Скопје и Златарски дуќан „Весел“, информира Сарачини.
Вулнет Селими, сопственик на златарница во Старата скопска чаршија изјави дека аплицирал и добил субвенција од 145.000 денари, кои многу му помогнале. Апелира другите занаетчии да аплицираат затоа што субвенцијата била реална помош.
Министерот Сарачини при посетата ги информира занаетчиите и за Проектот за поддршката на автентичните занаети за годинава, каде согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво се предвидени 1.200.000 денари за кофинансирање трошоци за набавка на опрема и алат, уредување и подобрување на деловни простории, стручно оспособување на вработените. Предвидено е да се признаат трошоците настанати во периодот од 1 јануари до 15 октомври годинава.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




