Сараќини: Има интерес за ОХИС, Еурокомпозити, ЕМО и Тутунски комбинат Прилеп
Објавено во: Економија 01 Февруари, 2013
- Интерес генерално постои за сите овие фирми, барем поаѓајќи од интересот за добивање на податоци, како и директни посети од страна на заинтересирани инвеститори. Бидејќи рокот за претходно објавените јавни повици за продажба на акциите на Република Македонија во ОХИС АД Скопје и Еурокомпозит АД Прилеп беше продолжен, а заинтересираните можат да подигнат тендерска документација и да достават понуди до 16.04.2013 година, премногу е рано да се зборува дали и колку понуди би добиле до крајниот рок. Веќе е познато во јавноста дека за друштвото ОХИС официјално е заинтересирана компанијата Алкот Груп, со седиште во Швајцарија. За Еурокомпозит АД Прилеп, пак, досега интерес пројавија компании од Велика Британија, САД, Турција и Литванија, вели Министерот за економија Ваљон Сараќини.
Според известувањето што го добивме од ЕМО Охрид АД, интерес за оваа фирма покажале компании од Италија, Србија и Турција, и тоа за купување на поодделни фабрики кои работат во состав на ЕМО АД, но пројавен е интерес и од страна на една македонска компанија за закуп на една од фабриките во состав на друштвото.
Генерално постои интерес и за Тутунски комбинат АД Прилеп, како една од компаниите со потешкотии во работењето, со доминанто учество на акциите на Република Македонија во структурата на капиталот, но за нив последниот објавен повик за продажба на акциите на Република Македонија беше во 2010 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.