Сараќини-Калстер:Повисоко ниво на економската соработка меѓу Македонија и Белгија
Објавено во: Економија 22 Април, 2013 15:05
Економската соработка помеѓу Македонија и Белгија треба да се интензивира на меѓувладино, на ниво на стопански комори и поединечно меѓу компании од двете земји.
Тоа го оценија на денешната средба во Скопје министерот за економија Ваљон Сараќини и новоименуваниот амбасадор на Белгија во Македонија Аник Ван Калстер со седиште во Софија.
Договорено е да се формира македонско-белгиска стопанска комора со компании од двете земји, а македонски студенти да одат на обука во белгиски компании.
Според соопштението од Министерството за економија, амбасадорката Калстер укажала на поддршката од Белгија во обезбедување нови извори за финансирање мали и средни претпријатија, на претприемништвото и при користење на европските фондови.
Во наредниот период, се вели во соопштението, министерот Сараќини ќе ја искористи можноста да го посети Кралството Белгија каде пред белгиски бизнисмени ќе го презентира потенцијалот и условите за инвестирање во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




