Добивај вести на Viber
Зголемување на пласманот на македонски производи на американскиот пазар, размена на студенти, како и зголемување на соработката меѓу македонските и американсите компании, пред се во прехранбената и фармацевтската индустрија, беше темата на средбата на министерот за економија Ваљон Сараќини и претставниците на Управниот одбор на Стопанската комора на Менхетен. Како што информираат од Министерството за економија, во рамки на посатата на министерот на САД, која што ќе трае до 10 февруари, на средбата со американските бизнисмени биле разгледани можностите за соработка на оваа комора која брои 100.000 меѓу кои и Google, Microsoft, City Bank, универзитети како свои членки, со деловните здруженија во Македонија.
На иницијатива на министерот за економија е договорено потпишување на Меморандум за соработка со коморите од двете земји, со цел меѓусебна размена на искуства.
“Сараќини предложи и креирање на листи на производи кои се од посебен интерес за компаниите од двете земји, а ќе придонесат за продлабочување на деловната соработка меѓу деловните субјекти, во насока на подобрување на трговската соработка меѓу двете земји, која веќе една деценија се одвива согласно правилата, принципите и правната регулатива на СТО“ информираат од министерството за економија.
Според министерот Сараќини, посебно интересни за американскиот пазар се производите од фармацевтската и прехрамбена индустрија, додека посебен интерес за американскиот пазар е ИТ секторот.
“Беше разгледана и можноста за испраќање на наши студенти на пракса во компании членки на Стопанската комора на Менхетен“ велат од министерството.
Во насока на продлабочување на соработката сите членки на оваа комора добија покана за присуство на бизнис форум во Скопје, каде би имале можност за директни средби со претставниците на македонските компании.
Како што информираат од Министерството за економија , оваа средба беше искористена и за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија, вклучувајќи ги предностите на бизнис климата, даночните олеснувања и актуелните инвестициски проекти.
“Министерот Сараќини ја претстави Македонија како атрактивна туристичка дестинација на средбата со претседателот на BSC Travel USA Луис Шохет, специјалист за травел менаџмент, на која беше договорено во текот на месец април Македонија да ја посетат американски туроператори, што би овозможило нашата земја да стане дел од туристичката понуда на туристите од САД“ се вели во соопштението.
Во рамки на првиот ден од посетата на САД, министерот Сараќини оствари средба со првиот човек на Fast Pack Store, со седиште во сојузната држава Њу Џерси, фирма која е најголем увозник и дистрибутивен центар на производи од Македонија во САД, каде е предложено организирање на средба со компании од Македонија кои се заинтересирани за пласирање на нивните производи во САД, по примерот на веќе етаблираните „Витаминка“, „Виталиа“, „Европа’, „Винчини“, „Алкалоид“, кои ја исползуваа одлично развиената бизнис мрежа на Fast Pack Store.
Во рамки на денешниот ден, министерот Сараќини ќе отпатува за Вашингтон, каде ќе гостува во „Гласот на Америка“ на македонски и на албански јазик, а веќе на 7 февруари ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок кој го приредува претседателот на САД, Барак Обама
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.