Сашо Мијалков го пресели бизнисот во Охрид
Објавено во: Економија 03 Август, 2022 07:30
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, една од своите ретки фирми во кои тој е единствен сопственик - Макпоинт, од 1 август ја пресели од Скопје со ново седиште во Охрид. Макпоинт ДООЕЛ Скопје е преименувано во Макпоинт ДООЕЛ Охрид на улица АСНОМ во овој град.
Макпоинт е друштво за трговија и услуги. Станува збор за компанија основана во далечната 1993 година, чие седиште, според претходни написи на медиумите, се наоѓаше на домашната адреса на Мијалков, кој е сопственик но и управител на друштвото.
Според Министерството за транспорт и врски, оваа компанија кон средината на 2017 добила лиценца за внатрешен и за меѓународен товарен транспорт. Во меѓувреме компанија го формирала и друштвото за товарен патен транспорт со назив Поинт Оил Транспорт.
Откако Мијалков ја призна вината, меѓу останатото, му е конфискуван имот во вредност
од 5.476.653,00 евра и тоа парични средства
во износ од 336.814.160,00 денари од
банкарската сметка на правното лице ДТУ
Макпоинт ДООЕЛ Скопје.
Медиумите на крајот на јули објавија дека поранешниот шеф на тајната полиција ја променил адресата на живеење во Охрид, а за случајот „Империја“, тригодишната затворска казна ќе ја издржува во затворот во Струга. Тој затвор е од отворен вид и таму може само да се преноќува.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




