САШО МИЈАЛКОВ НАМЕСТО ОД УТРЕ ВО ЗАТВОР ОД 22 АВГУСТ, добил одложување од две недели
Објавено во: Македонија 07 Август, 2022 18:21
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, иако од утре требаше да оди во затвор, тоа нема да се случи, јавува ТВ 24. Мијалков до надлежниот охридски суд побарал одложување на казната, а судот го прифатил барањето.
Наводно судијата му дозволил да го одложи влегувањето во струшкиот затвор, но само за две недели. По истекот на овој рок, Мијалков сепак ќе мора да се пријави во затворот. Откако експресно од скопјанец стана охриѓанец поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков казната од три години затвор ќе ја одлежува во Струга.
Затворски извори за ТВ 24 објаснуваат дека откако ќе почне да ја издржува казната затвор, третманот на Мијалков ќе биде ист како и за другите затвореници. Причина за ова е тоа што затворот во Струга е од отворен тип и таму не постојат посебни одделенија како што има во другите затвори.
Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал за случајот „Империја“. Со спогодбата, Мијалков е осуден на 3 години затвор. Освен ова му беше изречена и парична казна во износ од шест милиони евра, а му беше одземен и дел од имотот вреден околу 30 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




