Сашо Мијалков осуден на 12 години казна затвор за „Таргет Тврдина“
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021 11:18
Сашо Мијалков е осуден првостепено на вкупна казна затвор од 12 години за случајот „Таргет тврдина“ за нелегално прислушкување. На поранешниот шеф на тајната полиција му се засметува и времето поминато во притвор.
За останатите обвинети, Горан Грујевски доби казна затвор од 15 години, за Тони Јакимовски 6 години, на Гордана Јанкуловска и беше одредена затворска казна од 4 години, Никола Бошковски 15 години. Надица Николиќ доби три години, Владимир Варелов со две години условна казна. Силвана Златкова е осудена две години условно. Васил Исаковски е осуден условно исто така на две години. Валентина Симоновска е исто условно казнета со две години казна затвор.
87 милиони денари ќе треба Бошковски, Јакимовски, Грујевски и Јанкулоска да и платата на Агенцијата за национална безбедност како имотно-правното побарување како штетата од уништувањето на опремата. Судењето по предметот започна на 22 декември 2017 година. Сите прислушкувани ќе имаат право да тужат на граѓанска парница.
Обвинителството неспорно докажало дека обвинетиот Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Тони Јакимовски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетата Гордана Јанкулоска сторила кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетиот Никола Бошковски сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“; обвинетиот Сашо Мијалков сторил кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.
Според Обвинителството, Надица Николиќ сторила кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“; обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”, како и дека обвинетата Валентина Симоновска, сторила кривичнo делo „фалсификување службена исправа“.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




