15 Јануари, 2025
0.0250

САВА пензиско друштво ќе ги стипендира студентите на Хајделберг Факултет во Скопје

Објавено во: Мои пари 06 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

САВА пензиско друштво А.Д. Скопје и Хајделберг Факултет во Скопје потпишаа договор за долгорочна соработка во имплементацијата на германското високо образование

САВА пензиско друштво ќе ги стипендира и ќе даде можност за вработување на најдобрите студенти!  

Сава пензиско друштво и Хајделберг Факултет во Скопје, денеска потпишаа Договорот за соработка со цел пензиското друштво да ги поддржи најдобрите студенти преку целосна тригодишна стипендија и можност за вработување.

Партнерството меѓу двете страни е особено значајно за имплементација и развој на дуалното образование во државата, каде што овие студенти покрај нивните студии на престижниот Хајделберг Факултет во Скопје ќе имаат уникатна и непроценлива можност, да го дополнат своето образование со развој на професионални вештини стекнати од финансиските експерти во Сава пензиско друштво кои ќе бидат нивни ментори преку работа на реални проекти. 

Ова партнерство, како и другите, како што кажа проф. д-р Цајтел, претставува одличен почеток за факултетот во Скопје, затоа што, Сава пензиско друштво е една од водечките институции во управување со пензиски фондови, со капитал од ЕУ (Република Словенија), а Хајделберг Факултет во Скопје е германски бренд - поттик за вистинска промена и иновативност во македонскиот образовен систем, во насока на отпочнување на дуалното високо образование. 

Следејќи го искуството на Германија, каде што компаниите имаат професионална пензиска шема за вработените, Хајделберг Факултет во Скопје ќе биде поддржувач на таквата пракса, додаде проф. д-р Цајтел.

Во оваа насока, Претседателот на Управниот Одбор на Сава пензиско друштво Снежана Станковиќ, истакна дека целта на друштвото е да се вклучи во сите активности со значителен импакт врз иднината на младите, како што се инвестирање во развој на компетенции на вработените и вложување за развој на нивните таленти, како и од друга страна – пренесување на искуствата за професионална пензиска шема од Германија, тука дома. Затоа, преку ова партнерство, се дава исклучителна поддршка на младите студенти преку нивното образование на Хајделберг Факултетот.

САВА пензиско друштво како институција има потреба од едуцирање на млади кадри во насока на стекнување на знаења и вештини од портфолио менаџментот, управувањето со ризиците, како и едуцирање на младите во контекст на развој на финансиската писменост, веднаш после матурирањето, истакна проф. д-р Петар Талески, член на УО на Сава пензиско друштво.

Целта на ваквото партнерство, како што истакнаа двете страни, претставува развој на дуалното високо образование, а со цел - најдобрите студенти да бидат поддржани и да работат во Сава пензиско друштво.  

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

(ВИДЕО) Ангел Анѓушев во „Бизнис-клуб“: Освојувањето нови пазари бара преземање ризици

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски пари на Европскиот пазар

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија

Ангел Анѓушев: Високотехнолошките производи се начинот како да расте македонската економија