СБ: Затоплувањето од 4 степени ќе донесе катастрофални последици
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2012 15:27
„Топлотните бранови како во Русија во 2010 година, што доведе до илјадници жртви и економска штета за 15 милијарди долари, најверојатно ќе станат вообичаена работа за летните месеци во свет со 4 степени повисока просечна температура", предупредуваат од СБ. Катастрофални поплави, пред се поради зголемените нивоа на морињата, се можни во областите како Индија, Бангладеш и Индонезија. Можни се и почести епидемии, стои во студијата.
„Одговорите на системот на Земјата на климатските промени се чини дека не е линеарен“, посочува директорот на PIK, Џон Шелнхубер. „Ако проектираме повеќе од 2 степени, наспроти границата од 4 степени, ризикот за преминување на крајната точка се зголемува. Единствен начин ова да се избегне е да се прекине со вообичаениот начин на работа за производство и потрошувачка“.
Повеќето влади во светот се согласија да превземат мерки со кои нема да се дозволи глобалните температури да пораснат за повеќе од 2 степени, бидејќи дури и таквата промена би била доста опасна.
Тие иницијативи може да вклучат: ставање на повеќе од 1 трилион долари на фосилни горива или други штетни субвенции за подобро користење; воведување на природно капитално сметководство во националните сметки; проширување на јавата и приватна потрошувачка со зелена инфраструктура, која ќе биде во состојба да опстане на екстремни временски услови и урбан јавен транспортен систем дизјаниран да ги намали емисиите на јаглерод и зголеми пристапот до работни места и услуги; поддршка на цените на јаглеродот и трговските шеми на меѓународните и национални емисии и зголемување на енергетската ефикасност – особено на зградите – и уделот од произведената обновлива енергија.
Извештајот вели дека науката е недвосмислена дека луѓето се причина за глобалното затоплување и главни промени веќе се забележани. Глобалните средни темепературе продолжуваат да се зголемуваат и сега се околу 0,8°C повисоки од прединдустриските.
И ако глобалното затоплување од 0.8°C не изгледа големо, извештајот покажува дека голем дел од влијанијата од климатските промени што почнува да се појавуваат при промената од 0.8°C на 2°C затоплување или повеќе, ќе преставува голем предизвик.
Зголемувањето од 4°C на глобалните средни температури претставува историско ниво на промена за планетата, што не навраќа на последното ледено време кога поголемиот дел од централна Европа и северниот дела на САД биле покриени со километри од ледена површина и глобалните средни температури биле за 4.5°C до 7°C пониски, се наведува во Извештајот.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




