СЦ „Борис Трајковски“ за прв пат нема доволно свои приходи, Владата ќе префрли пари за платите на вработените
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020
Владата на последната седница во вторникот донела одлука за одобрување на исплата од 6 милиони денари за Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а директорот Александар Петровски вели дека се тоа пара со кои ќе треба да се исплатат помеѓу две и три плати за вработените.
- Ние нашите средства ги обезбедуваме од самофинансирачки буџет, но поради протоколите имаме намалени приходи, поради што моравме да се обратиме до Владата за помош. До септември некако се носевме со отежнатата ситуација, но повеќе не можевме да издржиме. За исплата на платите се потребни од 2 до 3 милиони денари месечно, вели Петровски.
Директорот на мултифункционалниот спортски центар вели дека приходите се намалени речиси кај сите дејности кои ги обезбедува „Борис Трајковски“, а целосно се згаснати од концертите кои во моментов се забранети.
- Капацитетот на базенот и салата за вежбање со товар според протоколите е намален за 50 проценти, а локалите кои ги издававме под кирија, сега се затворени затоа што се занимаваа со дејности кои беа забранети извесен период, тврди првиот човек на центарот.
Петровски вели дека изостанале и приходите од аква-паркот, кој бил рентабилен изминатите две години со работа и до 80 дена во сезоните, но не и ова лето поради забраната за работа, но сепак истовремено бара грижа и одржување.
Вели дека и комерцијалниот договор на спонзорот чие име го носи повеќенаменската спортска сала е на два пати преполовуван, но арената мора да работи затоа што таму своите натпревари ги играат селекциите на националните спортски федерации и клубовите.
- Од кугларницата во моментов приходите се еднакви на нула, но мора да работи затоа што и е потребна на националната федерација, додека за лизгалиштето ситуацијата се уште не е јасна, односно го чекаме протоколот за работа. Единствено што знам е дека Агенцијата за млади и спорт бара да работи поради националната федерација, реферира Петровски.
Тој вели дека не можат да се остварат средства ниту од организирање на настани во конференциските сали, а од останатите локални и централни управи позабележителна финансиска поддршка има од Општина Карпош за одржување на мини-училишните лиги.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.