19 Декември, 2025
0.0434

СДСМ: :Човек се онесвестил додека чекал ваучер за инвертер

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024 16:16

Добивај вести на Viber

Километарски редици денес пред пунктот кај СРЦ „Борис Трајковски“ за подигнување ваучер за купување инвертер клима, а од СДСМ тврдат дека едно лице од колоната се онесвестило.
„Неспособната ВМРО-ДПМНЕ денеска срамно ги понижи граѓаните кои со часови и во долги редиви чекаа за ваучери за клима уреди. Дури има случај каде што едне човек се онесвестил.

СДСМ кога ги доделуваше ваучерите имаше систем без чекање, граѓаните имаа опција по пошта или лично во подолг временски период да ги подигнат. Затоа никогаш досега немаше гужви.

Дополнително од 2017 до 2021 година и градоначалниците на СДСМ имаа огласи за инвертери но никогаш гужви и понижување врз граѓаните никогаш немало.

Моделот на СДСМ одлично функционираше. Сега слушаме дека ВМРО-ДПМНЕ се правда дека немало време за пошта што воопшто не е точно. Но секако, ова е јасна потврда дека заради нивната неспособност граѓаните мора да мрзнат и се туркаат“, коментираат од опозициската партија.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини рекоа дека во добар ред и согласно предвидената динамика започна доделувањето на вредносни ваучери за домаќинства за купување и поставување на инвертер клима-уреди. 



Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии