Добивај вести на Viber
Опозициските партии СДСМ и Левица реагираат на зголемената инфлација и покачените трошоци на живот. Од партиската говорница, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека е урнат стандардот на граѓаните, односно дека за синдикалната кошница во јули потребни се речиси 2,7 минимални плати.
„Вредноста на синдикалната потрошувачка кошница порасна од 61.855 денари во март на 63.908 денари во мај, а потоа во јуни достигна 64.698 денари и во јули нов рекорд 65.328 денари. Тоа е зголемување од 3.473 денари за само четири месеци, или повеќе од една и пол минимална плата. Во исто време, просечната нето-плата се зголеми од 44.763 денари во март на 45.796 денари во мај, зголемување од само 1.033 денари за три месеци. Јазот меѓу приходите и трошоците драматично се продлабочува“, рече Битиќи.
Од Левица пак, преку соопштение велат дека премиерот Христијан Мицкоски со своите изјави потврдил дека Владата нема ниту стратегија, ниту политичка волја за справување со инфлацијата и растечките трошоци за живот.
„Наместо конкретни и системски решенија, граѓаните добиваат само празни зборови, бесконечни анализи без рокови и магливи ветувања за идни мерки кои никогаш не се реализираат. Макроекономските бројки не лажат: инфлацијата во Македонија која достигна до 9,4% во 2023 година, а беше стабилизирана на 3,5% во 2024, летово повторно забрзано расте и тоа 4,5% во јуни и 4,8 % во јули. Најмногу пораснаа цените на храната и безалкохолните пијалоци (6,8 %), а голем пораст има и во секторите транспорт, култура и угостителство. Неспособноста да се воспостави ефективна контрола на цените на основните производи ја поткопува довербата на граѓаните во институциите. Големите трговски синџири и дистрибутери, со години остварувајќи рекордни профити, ја злоупотребуваат својата пазарна моќ - одржувајќи енормни маржи и создавајќи вештачки ценовен притисок. Пазарната инспекција молчи, додека компаниите договараат нови ценовни шокови“, реагираат од Левица.
Премиерот Мицкоски денеска во изјава за медиумите повторно рече дека нема да се брза со носењето на мерки, но и дека се подготвени за тоа да платат политичка цена на краток рок, со цел граѓаните да не ја плаќаат цената на долг рок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: