19 Декември, 2025
0.0569

СДСМ и Министерство за одбрана во кавга за оклопни возила

Објавено во: Економија 17 Август, 2016 20:29

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана набавува оклопни возила за војската, во вредност од 250 милиони евра,  а бидејчи единствен критериум е најниската цена, од опозициската СДМ се сомневаат во квалитетот на возилата што ќе се набават, од кои зависат животите на војнизите, бараат тендерот да се поништи.

„Министерството за одбрана спроведува постапка за набавка на оклопни возила во вредност од 250 милиони евра. Исплатата треба да се одвива во период од 2018 до 2026 година. Тоа значи дека во моментов, поради погрешните политики на власта, нема средства за исплата и оваа обврска се остава на идните три влади на Македонија. Со ова, на многу сериозен начин се оптоваруваат буџетите на наредните три влади на Македонија“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој додава дека негрижата на власта довела до тоа АРМ целосно да биде маргинализирана а нејзините припадници, војниците доведени во состојба да немаат најосновни работи, како чизми, ќебиња, ракавици, во што се увериле кога  помагале на поплавените луѓе во Стајковци и Ченто. „При оваа набавка, единствен критериум за најповолен понудувач е цената. За власта, небитен е квалитетот на оклопните возила ниту пак ангажирањето на домашни фирми во изработката или одржувањето на возилата. Вредноста на набавката може да биде значително помала доколку се набават дел на репариани возила, со гаранција од производителот. Потсетуваме дека од квалитетот на оклопните возила многу често зависи животот на нашите војници“, рече Шилегов. Тој побара  Министерството за одбрана веднаш да го поништи овој тендер, особено имајќи во предвид дека има три и пол месеци до избори, кога може да дојде и до смена на власта. „Ваква набавка мора да биде спроведена многу посериозно. При тоа, треба да се изработи техничката спецификација којашто ќе гарантира намалување на вредноста на набавката и зголемување на гаранциите за безбедност на војниците, но ангажирање на дел од домашната индустрија во изработката и одржувањето на возилата“, вели Шилегов.

Реакција на МО

Министерството за одбрана ги демантира обвинувањата на опозициската СДСМ дека се набавуваат оклопни возила за армијата само врз основа на најниска цена, а потенцираат дека безбедноста на војниците е еден од критериумите во побарувањето.

„Во однос на набавката на оклопни возила информираме дека процесот за набавка на истите беше започнат уште во октомври 2014 година. Тоа подразбира изработка на техничка документација на опрема која е согласно потребите на Армијата и во согласност со НАТО стандардите.  Техничките критериуми  кои ги побарува Армијата мора да бидат исполнети од страна на понудувачот, а тоа подразбира и безбедност на припадниците на АРМ. Кога овие услови ќе бидат исполнети тогаш се разгледува цената на понудувачот кој секако е главен критериум“, велат од Министерствтото за одбрана. Појаснуваат дека сумата која СДСМ ја наведе, 250 милиони евра, а за период од 12 години заклучно со 2027 и е наменета за транспортни средства, средства за индивидуална и колективна заштита, средствата за вооружување (борбени и неборбени), логистичка и медицинска опрема, како и ремонтот и модернизацијата на материјално техничките средства. Значи не само за оклопни возила. „Напоменуваме дека финалните понуди од произведувачите, кои потекнуваат од земји членки на НАТО сѐ уште не се пристигнати и затоа изнесените факти се чиста шпекулација. Понатаму, битно е да се истакне дека тоа се директни понуди од производителите, а не од трговци“, велат од Министерството за одбрана.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка