СДСМ ќе ја укинува радиодифузната такса
Објавено во: Економија 07 Март, 2016 17:42
Да се укине радиодифузната такса и МРТВ да се финансира од Буџетот, предлага опозицискиот СДСМ.
Партијата предлага измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што граѓаните не би плаќале 190 денари, туку основниот приход на јавниот сервис би се остварувал со зафаќање 0,5 проценти од Буџетот.
Од СДСМ сметаат дека преку наплатата на радиодифузната такса наместо да се подобрува јавниот сервис и да биде поприфатлив за граѓаните, тој постојано се менува на штета на корисниците.
Другите пратенички групи сеуште не се изјасниле околу овој предлог.
Инаку, финансирањето на МРТВ беше споменато и на преговорите меѓу политичките партии, за реформи во медиумите.
Тие веќе се во мирување петнаесетина дена, откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ одби да соработува со беглискиот посредник Питер Ванхауте и ги напушти преговорите.
За партиите, најспорни се составот и надлежностите на Советот на МРТВ и на Советот на Агенцијата за медиуми.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




