Добивај вести на Viber
За само 7 дена во текот на минатата година, телевизија Сител добила над 1 милион евра од Владата, тврди опозициската СДСМ која денеска презентираше нови банкарски уплатници. Речиси половина од парите биле префрлени 23 дена пред последните локални избори, заради што опозициската партија се сомнева дека исплатата била извршена со цел телевизијата да влијае на изборната кампања во корист на ВМРО ДПМНЕ.
„Еден милион евра од Владата на Груевски на Сител, за реализација на кампања. Еден милион евра на семејната фирма на Талевска, за бизнисот со медицинска опрема. Еве како со пари на граѓаните се подмирува оваа милионската тарифа за корумпирање на медиуми и креирање на лажна реалност за истите тие граѓани“, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ..
Од Владата демантираат и тврдат дека исплатените пари биле за емитување владини кампањи за една и пол година.
„Тие активности за информирање на граѓаните преку медиумите се реализираат преку сите национални и локални медиуми, односно покрај на ТВ Сител, се реализираат и на ТВ Телма, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, Тв Алфа и други национални и локални телевизии“, соопштува Владата.
Како пример се наведуваат кампањите за промоција на меѓуетничи и меѓурелигиски соживот, Истражи ја Македонија, за трето дете, за вработувањата во „Македонски шуми“ и други кои за година и половина биле емитувани на оваа телевизија.