СДСМ: Милионски штети и провизии за автопатите не се баналности
Објавено во: Македонија 13 Август, 2017
СДСМ не се согласува со изнесените обвинувања од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека поради банални причини се одложува изградбата на новите автопати.
„Милионските штети и катастрофалните грешки на автопатот Кичево – Охрид за опозициската ВМРО-ДПМНЕ се баналност. Баналност се и милионските провизии што Никола Груевски ги земаше од овој автопат, велат од СДСМ.
Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на натамошен развој на инфраструктурата.
Преку одговорна и посветена работа и преку потпишување на неколку значајни договори во инфраструктурата, Владата предовена од СДСМ ги надминува напластените проблеми, ја развива и модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ со години го поткопуваше“ се вели во реакцијата на СДСМ.