15 Декември, 2025
0.0367

„СДСМ МОЛЧИ БИДЕЈЌИ ВО НИВНО ВРЕМЕ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОБИВАА ПОД 150 ДЕНАРИ ПОКАЧУВАЊЕ“: Манасиевски од ВМРО со остра реакција

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2025 13:22

Добивај вести на Viber

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДСМ стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, истакна денекса Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

- Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДС јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока од СДС бара намалување на линеарното зголемување на пензиите.

СДС кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Добрила Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите - посочи Манасиевски. 

Тој додаде дека додека СДС молчи, бидејќи во нивно време пензионерите добиваа по 150 денари покачување, нивните инфилтрирани поединци во судството гласно бараат европски плати со доверба од едвај 2 отсто. 

- Во регионот и Европа, правосудните органи со далеку поголема доверба имаат плати слични на нашите, а кај нас судиите и обвинители со 2% доверба бараат двојно зголемување до над 6.000 евра, а притоа се бара кратење на пензиите на пензионерите. Чест на исклучоци, но поголемиот дел од овие контаминирани и корумпирани кадри блиски до СДС немаат ниту срам, ниту образ.

Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и го подига животниот стандард.

Бараме од СДС јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите, кои таа ги побара од Уставниот суд - истакнува Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ

 Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“