СДСМ нуди три опции за младите по завршувањето на средно образование
Објавено во: Економија 01 Март, 2016 19:57
На секој млад човек по завршување на задолжителното формално образование, од државата ќе му следуваат три опции, и тоа: да добие вработување, да му се овозможи практично дообучување во траење од четири месеци или да избере да се дообразува на сметка на државата.
Ова е предлог кој денеска го презентираше Стефан Богоев од СДСМ на јавната трибина „Младите можат“, во организација на институтот Прогрес.
Богоев рече дека СДСМ планира и темелна реконструкција на студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, како и нова зграда со 700 легла, која ќе се изгради во близина на домот „Стив Наумов“. Студентите ќе добиваат студентска платежна картичка и картичка за субвенциониран меѓуградски превоз, а предвиден е и бесплатен јавен транспорт за сите до 29 години, а не само за студентите.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




