СДСМ: Пропаднаа лагите на Груевски за странски служби и жолти комбиња
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016
СДСМ возврати на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СЈО води политичка кампања и дека целосно го погазиле правниот поредок. За опозициската партија сосема јасно е кој го нарачал и спроведувал незаконското прислушкување со деталите од истратага наречена „Таргет“.
Според СДСМ, екс премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков и нивните соучесници извршиле државен удар со досега невидено кршење на правата и слободите на граѓаните.
- Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски за странски служби и жолти комбиња. Јавноста сфати зошто Груевски со месеци бега од јавна и транспарентна судска постапка, како што ветуваше, и соочување со граѓаните, за да даде одговор на прашањата кој, како и зошто прислушкувал во Македонија, велат од СДСМ.
Според СДСМ токму Груевски и Мијалков се главните виновници за пучот во земјата со еклатантен обид да се воспостави диктатура и да се сузбијат сите права и слободи.
- Од ова се гледа како Груевски и Мијалков незаконски ги следеле и прислушкувале политичарите, бизнисмените, новинарите, граѓаните, како имале пристап до сите информации, знаеле се за секого во државата, па им било полесно да ги украдат и изборите. За ова Груевски, Мијалков и сите останати мора да одговараат. Правда мора да има, заклучуваат од СДСМ