19 Декември, 2025
0.0759

СДСМ: Што можеше да се изгради со рајската градина?

Објавено во: Економија 16 Мај, 2016 08:48

Добивај вести на Viber

СДСМ бара одовори од општината Аеродром, зошто да се инвестира во рајска градина, кога би било много подобро парите да се насочат кон изградба на училишта и градинки, бидејќи Аеродром е голема населба, со многу млади луѓе, па приоритет би требало да биде изградбата на вакви објекти, а не на рајски градини. СДСМ прашува дали би било подобро и домаќински ако парите се насочеа во 3 училишни згради и 3 градинки, или за културен дом и општинска. Вистинската адреса е сепак, ЕЛЕМ Инаку инвеститор на рајската градина е ЕЛЕМ. Изградбата на рајскиот парк во Аеродром, од страна на ЕЛЕМ уште еднаш ја крена на нозе јавноста. Дали треба толку пари да се фрлаат во вакви проекти, а Македонија и натаму останува увозно зависна од струја. 14 милиони евра ќе чини паркот со мајмуни, птици, водопади и слично, а изминативе години куп проекти во енергетиката останаа нереализирани. Јавноста бара да сопре проектот. Околу една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година досега. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите 7 години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. faktor struja Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”, или во рајски градини. ПАРИ ВО МАГЛА: Дали ЕЛЕМ треба да гради рајски градини или термо и хидро централи? Постои цела низа на планирани а неизградени објекти, од различни причини. Не се изградија централите Чебрен и Галиште, Бошков мост, не се модернизираше ТЕЦ Неготино, Луково поле, Вардарска Долина, бавно одеа најавите за отворање на рудници за јаглен, а за гасификација се одвојуваа едвај по неколку милиони евра годишно.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии