19 Декември, 2025
0.0460

СДСМ со кривична против судијката која СЈО го прогласи за ненадлежно

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2016 15:04

Добивај вести на Viber

Oпозицијата ќе поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија и ќе побара преиспитување на нејзината работа како и работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

СДСМ смета дека одлуката СЈО да се прогласи за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување, во којшто се вмешани Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски и други осомничени, е спротивна на законските прописи по повеќе основи:

„Прво, во кривична постапка, овластен тужител може да биде физичко лице или обвинителство. СЈО е токму тоа, обвинителство.

Ова значи дека постапката е покрената е покрената од надлежен орган, СЈО.  Второ, во конкретниот случај станува збор за предмет за којшто судот веќе има постапувано и носено решенија.

За тоа, дали некој е овластен тужител или не, се оценува на почетокот на постапката. Ова е уште едно прекришување на законот

Трето, Републичкиот судски совет ја делегирало Поп Стефанија од судот во Неготино во судот во Скопје да суди предмети во Одделнието за прекршоци. Согласно оваа одлука Поп Стефанија нема законско право да одлучува за предмети за организиран криминал“, потенцира портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Согласно информациите достапни во медиумите , Шилгов обвинува дека Александра Поп Стефанија е дел од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството. Сопругот на Поп Стефанија е дел од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, бил член на Комисијата за лустрација и Секретар на општина Неготино, тврди тој.

За потсетување...

Судијката Александра Поп Стефанија го прогласи Специјалното јавно обвинителство за ненадлежно во случајот Тврдина, стои во решението со кое се одбива барањето за притвор за екс началникот на 5-тата управа на УБК Горан Грујевски.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии