СДСМ тврди дека без задолжување може да се обезбедат пари за поплавените
Објавено во: Економија 21 Август, 2016 14:05
Опозицијата денеска со критики кон власта за најавениот ребаланс на буџетот.
СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски предложиле ребаланс на буџетот притоа ги искористуваат поплавите и судбините на семејствата од поплавените подрачја.
„Освен пренамената на 33 милиони евра за отштета, кои патем без срам изјавија дека ќе ги обезбедат од ново задолжување, дополнително ВМРО-ДПМНЕ се обидува да си обезбедат 232 милиони евра за предизборна корупција.
Никола Груески неуспешно се крие зад потписот на директорите на АД ЕЛЕМ и на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
Средствата за Рајската Градина и за Панорамското тркало се прелеани во буџетите на овие две компании, кои се во целосна сопственост на граѓаните на Република Македонија. Тие 33 милиони евра се сопственост на сите граѓани. Заедно со 20-те милиони евра од четвртата еврообврзница, планирани за бегалската криза, кои не се потрошени, сумата која може да се обезбеди без никакви дополнителни задолжувања е најмалку 53 милиони евра за помош на настраданите во скопскиот и тетовскиот регион“, реагираат од партијата на Заев.
Оттаму дополнуваат дека земјава нема веќе простор за нови задолжувања. Го коментираат и намалениот кредитен рејтинг на Македонија од страна на агенцијата ФИЧ, укажувајќи дека тоа е поради „темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали“.
„Колку за споредба кредитната агенција Стандард&Пурс веќе двапати во изминатите 8 години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога не ни беше почната политичката криза во Македонија. Само оваа Влада со своите погрешни економски политики е виновна за состојбата во која се наоѓаат сите граѓани на Р.Македонија. За оваа Влада БАРОКОТ е пред интересите и проблемите на ГРАЃАНИТЕ“, обвинува опозициската партија.
Порачуваат дека на земјава и се потребни демократски промени и нова, чесна и одговорна власт на којашто врвен интерес ќе и бидат граѓаните.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




