СДСМ тврди ВМРО-ДПМНЕ го „кочи“ Собранието, а тие бараат да се откажат од Тиранската платформа
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 14:01
Во Собранието пратениците продолжуваат со реплики и контрареплики.
Пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски кажа дека поради тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја кочат работата на Собранието, граѓаните уште плаќаат радиодифузна такса и скапа струја.
„Учениците повторно ќе полагаат екстерно, се уште се плаќа скапа електрична енергија, а таа ќе беше намалена“ - рече Манчевски.
Радмила Шеќеринска од СДСМ кажа дека додека Никола Груевски не е во Собранието, неговите сопартијци го бранат и се срамат.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски во процедурална забелешка од собраниската говорница му посочи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев еднаш да собере храброст и да излезе пред македонската јавност и да признае дека ја прифатил Тиранската платформа.
Тој им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори и граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.
Низа забелешки имаше и за претседавачот Трајко Вељаноски за начинот на кој ја води седницата и дозволува популистички говори.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




