СДСМ ветува поголема државна помош за домашните претпријатија
Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 15:27
Враќање на економската стабилност на граѓаните и државата, зголемување на државната помош за домашните претпријатија до 50 милиони евра и еднакви услови и за домашните и странските инвеститори вети денеска опозициската партија доколку ја добие власта на наредните избори.
Од оваа партија тврдат дека владеачката гарнитура и ја дава мала помош на домашните претпријатија, потенцирајќи ја бројката од 120 денари државна помош годишно, а милионски поволности на странските компании.
Тие велат дека токму тоа е причината што 10 години ниту една домашна компанија не се осудила да инвестира во ТИР зоните.
Од партијата на Заев потсетуваат за домашните фирми кои се затворени, други со блокирани сметки а посочија и на заминувањето на неколку странски инвеститори.
„Странски инвеститори, заминуваат откако ќе ги искористат парите на граѓаните и поволностите зад себе оставајќи милионски долгови, што исто така треба да ги платат граѓаните на Македонија. Сега Груевски се обидува да им се додвори на домашните претпријатија, но како што заминаа Џонсонс Контрол, Керфур, Индо минерали и метали ..така ќе си замине и ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




