СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2025 09:57
Собранието мора да одлучува за мигрантите а не општините, наведува СДСМ во соопштението.
„Премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за граѓаните да бидат сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Но, наместо одговор го гледаме секој ден како се мачи со изговорите.
Сега Мицкоски најавува некои локални иницијативи на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини. Зошто Мицкоски не го споменува Собранието туку зборува за општини? Ако не знае, Собранието е највисокиот орган на една држава. Го сочинуваат пратеници директно избрани од народот. Затоа Резолуцијата е народен договор, бидејќи пратениците се овластени од страна на народот. Собранието е над општините и може да спречи мигранти на целата територијата на Македонија. Добро е што не кажа Мицкоски дека ќе иницираат документи во некоја Месна заедница.
Уште еднаш го повикуваме премиерот Мицкоски да каже дали ќе ја потпише Резолуцијата? Само да одговори ДА или НЕ, толку кратко и толку едноставно. Еве не мора на СДСМ, нека им одговори на граѓаните.
Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти
Дека има план за примање мигранти во Македонија не откриваат само британските и светските медиуми, тоа се чита и од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното однесување во последните две недели.
1. Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ја потпишат Резолуцијата. Само со една одлука на Собранието граѓаните може да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. Но ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува. Едноставно е, ако нема скриена агенда за мигрантите, досега Резолуцијата ќе беше потпишана.
2. Изјавата на Мицкоски дека до пролет нема да има мигранти. Зошто само до пролет, а после? Значи мигранти до пролет не ама може во јуни, после избори.
3. Изјавата на премиерот Мицкоски дека нема да има „нелегални мигранти“. Нормално затоа што овие што ги планираат ќе бидат „легални“, вклучени во пазарот на трудот, сместени во станови.
4. Изјавата на Мицкоски дека на локално ниво општините треба да носат одлуки одбегнувајќи го Собранието да донесе одлука на централно ниво како највисок државен орган над сите општини. Зошто некој би бегал од одлука во Собрание и би сакал да ја префрли на општините кои немаат соодветна надлежност ако нема скриена намера?
5. Изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти. Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“.
6. Изјавите на Андоновски, дека ниту СДСМ ниту претседателот Филипче не треба да критикуваат за мигранти бидејќи гласале во минатото за прифатни центри за странци. Иако ова е чиста лага на Андоновски го потврдува планот на власта за мигранти преку обиди за дефокусирање од клучното: одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која е целосно решение за проблемот.
Еве ги сите аргументи во неколку точки. Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата!
Спасовски: Македонија не смее да прифати мигранти кои не може да ги врати никаде
Македонија не смее да стане земја која ќе спроведува постапки за азил за друга држава, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во земјите на потекло, изјави пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија.
Спасовски предупреди дека актуелните разговори за евентуално сместување мигранти во Македонија носат сериозни ризици, пред се безбедносни.
„Државата не е подготвена за постапки со мигранти кои би аплицирале за азил во Велика Британија, бидејќи Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло. Дел од тие мигранти би останале на територијата без можност за нивно враќање“, истакна Спасовски.
Говорејќи за безбедносните ризици, тој посочи дека во средата навечер во транзитниот центар во Табановце една група на египетски мигранти го имаат демолирано целиот камп, што ја нагласува потребата процесите да се водат транспарентно и одговорно.
Во однос на политичките изјави, Спасовски се осврна на ставот на премиерот Мицскоски дека ‘додека е премиер, нема да има бегалски кампови’, посочувајќи дека иако можеби нема класични кампови, можни се бегалски населби со мигранти.
„Не можеме да бидеме земја што ќе спроведува азил за друга држава, а притоа да ни остануваат мигранти што нема да можеме да ги вратиме назад“, заклучи Спасовски.
Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година, по што бил изменет Законот за странци и бил воведен рок од 72 часа за транзит. Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани прифатни центри за мигранти“, се вели во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
КАБИНЕТОТ НА ГАШИ ЗА ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНУМИТЕТОТ НА ЈАНЧЕВ: Барањето е доставено до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




