26 Април, 2024
0.0420

СДСМ: За најважното прашање за иднината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став

Објавено во: Македонија 11 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот, Христијан Мицкоски уште не се изјасниле за референдумот. За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став, додаваат тие. 

„Тоа до крајни граници ја покажува несериозноста, неодговорноста и загубеноста на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржеше договорот и сосема поинаку ќе се однесуваше доколку им се дадеше амнестијата којашто ја бараа но не ја добија. Од СДСМ додаваат дека Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ. Тоа се врвните стратешки државни и национални интереси. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно. Има ли воопшто некаков план ВМРО-ДПМНЕ? Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација“ - наведуваат од СДСМ. 

Од партијата додаваат дека на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот