СДСМ: Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси
Објавено во: Македонија 30 Март, 2017 15:50
СДСМ смета дека неодговорното однесување на власта доведе до реални проблеми во здравството кои не се решаваат бидејќи нема функционални институции.
- Затворањето на одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија, поради недостиг на медицински кадар, за жал, е првата конкретна последица од блокирањето на демократските процеси и формирањето на нова реформска Влада. Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси.
Доколку денеска имаше нова реформска Влада, ќе се решеше проблемот со кадарот во болницата 8-ми Септември и таа немаше да има затворени одделенија и ќе работеше во полн капацитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги спречуваа демократските процеси, денеска веќе ќе се разгледуваше предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите, а лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работното место и ќе се посветеа на лекувањето.
ВМРО-ДПМНЕ десет години го уништуваше здравството и тоа уништување продолжува и денес, кога како опозиција ги кочи промените кои треба да донесат квалитетно и достапно здравство и подобар живот за сите. Македонија не смее повеќе да си дозволи да остане без нова реформска влада за која гласаа мнозинството граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




